Дербу Каунти ќе побара од Челзи компензација од 4 милиони фунти за Френк Лампард, вели „Скај Спорт“.
Поранешниот уграч на Челзи е фаворит број 1за менаџерската позиција на „Стемфорд Бриџ”, откако последните информации велат дека лондончани се согласиле да го пуштат Маурицио Сари во Јувентус. Разделбата на Челзи со Италијанецот сепак ќе биде јавно објавена, откако клубот ќе финализира сè околу привлекувањето на негов заменик.
Лампард има двегодишен договор со Дерби. Според „Скај Спорт” тој нема како да го обие предлогот на Челзи, но сака разделбата со Дерби Каунт да биде на пријателскиот начин, бидејќи Френк има огромна почит кон навивачите на тимот и кон сопственикот на клубот Мел Мерис кој му дал шанса да влезе во тренерската професија.
Според клаузулата во договорот на Лампард, секој клуб кој сака да го привлече мора да плати на Дерби 3,5 милиони фунти. Износот се зголемува на 4 милиони, ако овој клуб игра во Лигата на шампионите, како што е случајот со Челзи.
Разговорите допрва почнуваат, па ќе биде потребна минимум една недела пред Лампард официјално да биде назначен за менаџер на Челзи.
Според весникот „Сан” Лампард сака уште една друга клупска легенда на Челзи – Дидие Дрогба, да влезе во неговиот стручен штаб.