Челзи е во преговори со Борусија Дортмунд за трансфер на крилниот напаѓач Џејми Бајно-Гитенс и сака да го заврши договорот пред двата клуба да стартуваат со настапи на Светското клупско првенство.
Челзи е подготвен да даде понуда од околу 60 милиони евра, додека договорот на играчот вклучува откупна клаузула од приближно ист износ.
Минатата сезона, напаѓачот учествуваше во 48 натпревари на сите турнири, во кои постигна 12 гола и направи пет асистенции. Тековниот договор на Бино-Гитенс со клубот е со важност до летото 2028 година.

