Челзи му дал ултиматум на поранешниот тренер на Наполи Маурицио Сари. 48 часа да се раздели со италијанскиот клуб и да потпише договор со Челзи.
Во Наполи веќе назначија нов тренер, Карло Анчелоти, но Сари сѐ уште е поврзан со договорот и мора да плати 5 милиони евра за да го прекине истиот.
Оваа ситуација е активна повеќе од еден месец, а Челзи ќе се откаже од Сари доколку тој не го реши својот статус со Наполи. Италијанскиот тренер добил 48 часа за решавање на ситуацијата, во спротивно претходно договорената соработка нема да биде реализирана.
Ултиматумот на Челзи се должи на фактот што следната недела завршува одморот на играчите и започнуваат подготовките на екипата.