Челзи размислува за шокантна операција вредна околу 130 милиони евра за да привлече не еден, не двајца, туку дури тројца играчи на Интер, пренесува „Калчомеркато“. Двата тима се во одлични односи, а само во последните 12 месеци најпрвин го комплетираа рекордниот трансфер на Ромелу Лукаку од 113 милиони евра од Џузепе Меаца на Стемфорд Бриџ, а потоа летово белгискиот крилен напаѓач се врати во Италија.
Сега „сините од Лондон“ сакаат да ги доведат Милан Шкрињар, Дензел Думфрис и младата надеж Чезаре Касадеј во тимот за следната сезона. Италијанскиот извор информира дека цените на тројцата најверојатно ќе бидат структурирани во варијанта од околу 70 милиони евра за централниот дефанзивец Шкрињар, околу 40 за Холанѓанецот Думфрис и помеѓу 15 и 20 за младиот Касадеј.