Поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, сепак, може да го предводи Челзи во новата сезона. Како што објавија некои италијански весници, веќе в понеделник Сари би можел д абиде и официјално преставен како наследник на Конте на „Стемфорд Бриџ“.
59-годишниот стратег наводно веќе почнал да го подготвува и својот тим со кој ќе работи во Лондон. Исто така има информација дека нов спортски директор на „сините“ ќе биде поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација Џанфранко Зола .
Сари го предводеше Наполи од 2015 до 2018 година.