Екипата на Челзи ќе отпатува нормално на гостувањето од Лигата на шампионите кај францускиот Лил. „Сините“ од Лондон се очекуваше да имаат сериозни логистички проблеми за натпреварот во Франција поради санкциите кои британската влада ги воведе кон сопственикот на клубот Роман Абрамович.
Извори од клубот тврдат дека Челзи ќе патува за Лил со воз со цел да се вклопи во скромниот буџет.