Челзи внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал, пишува британскиот весник „Експрес“.
Според оваа информација, во третата сезона на играчот во екипата на Манчетсер Јунајтед, тој не се преставува импресивно. Поранешниот играч на Монако има одиграно само 17 натпревари за својата екипа во Премиер Лигата и се повеќе се наоѓа на клупата. Младиот талент треба да одлучи дали ќе се обиде да го напушти „Олд Трафорд“ по крајот на сезона. Покрај Челзи, Јувентус и Тотенхем се заинтересирани за услугите на Марсиал.
Досега, се знае дека шампионот од Серија А е подготвен да плати 45 милиони фунти за Антони Марсиал. Се претпоставува дека „сините” од Лондон исто така може да го понудат овој или можеби подобар износ.