Челзи започна разговори за да го привлече напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин.
Директорката Марина Грановскаја која првично беше против привлекувањето на Аргентинецот, сега очигледно го промени своето мислење и се поврзала со агентот и брат на играчот Николас, за да започнат разговори за привлекување на Игуаин на „Стемфорд Бриџ”, тврдат аргентинските медиуми.
Лондончани упатиле и барање до Јувентус за цената на голгетерот, а неофицијално „бјанконерите” се подготвени да го пуштат за сума од 50 милиони евра. Челзи, исто така најавиле дека може да го вклучат Алваро Мората како дел од договорот, кој е желба на „Старата дама”.
Не е тајна дека тимот од Торино има желба да го вратат шпанскиот напаѓач на „Алијанц Стадинот”, каде што тој остави добар впечаток при претходниот престој.