Алекс Окслејд-Чембрлен е категоричен дека по четири години поминати во Ливерпул работите се одвиваат во посакуваната насока. Тој откако беше купен од Арсенал се претвори во еден од најдобрите играчи од средниот ред во Англија и беше дел од шампионскиот тим на „црвените“.
„Влегував во втората фаза од кариерата кога дојдов во Ливерпул. Не бев дете или млад талент со потенцијал за развој. Работите полека започнаа да се случуваат и станав позрел како личност и професионалец“ – вели Чемберлен кој се соочуваше и со неколку повреди.
„Со текот на годините научив многу и успешно ја поминав првата сериозна повреда и операција. Сега можеби сум повеќе фокусиран на фудбалот. Сакам да освојувам трофеи” – потенцираше Алекс Окслејд – Чемберлен.