Португалецот, Жоао Феликс, кој игра за Челзи како позајмен од Атлетико Мадрид, неодамна изјави дека сака да остане на стадионот – „Стемфорд Бриџ“ и дека нема намера да се враќа во Шпанија.
На тоа дојде реакција од првиот човек на „јорганџиите“, Енрике Черезо, кој призна дека иднината на напаѓачот е неизвесна.
„Не знам што ќе се случи со Жоао. Тој е во моментов во Челзи. Ќе видиме дали ќе потпише нов договор или не“ – потенцираше Черезо за 23-годишниот фудбалер кој има 3 гола на 17 натпревари.