Одлуката на Кристијано Роналдо да го напушти Јувентус ова лето целосно ги промени плановите на клубот, призна спортскиот директор Федерико Черубини.
36-годишниот напаѓач избра да замине во Манчестер Јунајтед, што ги принуди Италијанците итно да земат нов напаѓач, и на крајот изборот падна на Мојс Кин.
„Кога Роналдо не извести за неговата желба да си замине, ние веднаш почнавме да размислуваме за иднината. Мојс Кин не е негова замена, туку еден дел во нашиот план да продолжиме да победуваме, но со различен проект“, изјави Черубини за „Тутоспорт“.
По првите две кола, Јувентус сеуште нема победа во Серија А, со Удинезе одигра нерешено 2:2, а потоа загуби на домашен терен од Емполи со 0:1.