Англија и Чешка денеска ќе се сретнат во битка за првото место во групата Д. Натпреварот на стадионот – „Вембли“ е од 21.00 часот. Д
осега Чешка забележа победа против Шкотска со 2:0 а против Хрватска одигра 1:1. Англичаните ја совладаа Хрватска со 1:0 и одиграа без голови во дербито со Шкотска. Бидејќи двете земји имаат по 4 бодови, нерешениот резултат ќе и биде доволен на Чешка да заврши како победник во групата поради подобрата гол-разлика.
Веројатни состави Чешка: Ваклик, Цуфал, Челустка, Калас, Боржил, Холеш, Соучек, Масопуст, Дарида, Јанкто, Шик. Англија: Пикфорд, Шоу, Мегваер, Стоунс, Вокер, Хендерсон, Рајс, Рашфорд, Гриниш, Санчо, Кејн.

