Изминатиот викенд заврши Балканскиот шампионат за сениори-ки кој се одржа во Бања Лука,БИХ. За Репрезентацијата на Македонија од сениорскиот тим на Макпетрол на ова елитно регионално првенство настапија вкупно 6 (шест) спортисти.
Тие беа најуспешни по број на освоени медали и единствени кои на ова сениорско првенство освоија медал за Македонија.
Освоени се вкупно 4 (четири) бронзени медали.
Два бронзени медали се освоени во поединечните настапи, и два медали освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција за репрезентацијата на Македонија. Јована Мицовска и Викторија Јовановска освоија бронзи на Балканското првенство за сениори во Бања Лука
На Блаканското првенство настапуваат 313 каратисти со 343 натпреварувачки влезови од 11 држави.
Истите спортистки за тимот на Македонија во дисциплината екипно борби освоија бронзени медали, така да тие се закитија со по два медали од ова Балканско првенство. Блиску до медал беа и Данило Божовиќ (-84кг) и Петар Заборски (-75кг), кои за жал загубија во репасажните борби
Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, кој беше и натпреварувач после завршувањето на Балканското првенство не го криеше задоволството од направениот успех, за кој кажа дека можеше да биде и далеку повисок. Сите наши каратисти прикажаа модерно карате и имаа максимална борбеност и желба за успех. Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество земаа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Сакам да истакнам дека ние како клуб имаме многу поголем потенцијал и можности за поголеми резутати.
Во поединечните настапи вториот ден од првенството Јована Мицовска го освои првиот бронзен медал за Македонија во дисциплина борби (-61кг). Потоа медали освои и нашата спортистка Викторија Јовановска во истата тежинска категорија. Минатата година на сениорско Балканско првенство кое се одржа во Будва , двете спортистки на Макпетрол тогаш беа во финалето. Сега една година покасно двете спортистки иако имаа извонреден настап загубија во четвртата борба или полуфинале, да веднаш потоа да извојуваат победи и ги освојат бронзените медали. Многу малку требаше да имаме повторно Македонско финале и на ова Балканско првенство.
Медали освоија:
Јована Мицовска -61 кг бронзен медал
Викторија Јовановска -61 кг бронзен медал
Викторија Јовановска екипно тим бронзен медал
Јована Мицовска екипно тим бронзен медал
Данило Божович (-84кг) петто место
Петар Заборски (-75 кг) седмо место

