Во седиштето на УЕФА беше реализирана и ждрепката за Лигата на Европа.
Во второто по ранг натпреварување и оваа сезона конкуренцијата е навистина голема и силна. Манчестер Јунајтед, Јувентус, Рома, Севиља и уште неколку силни екипи се дел од завршницата на ЛЕ.
Четвртфинални парови во Лигата на Европа:
Манчестер Јунајтед – Севиља
Јувентус – Спортинг
Баер Леверкузен – Унион Сен Жилоа
Феенорд – Рома
Полуфинални двојки:
Јувентус / Спортинг – Манчестер Јунајтед / Севиља
Феенорд / Рома – Баер Леверкузен / Унион Сен Жилоа

Првите натпревари во фазата на осумте најдобри се играат на 13 Април, а реваншите седум дена подоцна. Полуфиналињата се на програмата на 11 и 18, додека големото финале се игра на „Пушкаш Арена“ на 31 мај.