Репрезентацијата на Чиле со убедлива победа од 4:0 над Јапонија ја започна одбраната на титулата на Копа Америка.
Селекторот на Чиле Рејналдо Руеда може да биде задоволен како неговите избраници го одиграа првиот натпревар на првенството во Бразил. Чиле беше немилосреден кон Јапонија и успеа да слави со убедлива победа, пред се по заслуга на разграниот Алексис Санчез, кој постигна еден гол и една асистенција за победа на неговата селекција против Јаппонија.
Чилеанците доминираа од почетокот на мечот, но на првиот гол чекаа до 41-та минута когао резултатот го твори Пулгар, а по десетина минути игра во вториот дел на 2:0 зголеми Варгас. Во финишот од средбата за убедливиот триумф на Чиле се погрижи токму Санчез. Во 82-та минута го зголеми водството на својата екипа на 3:0, а една минута подоцна му асистираше на Варгас за неговиот вториот гол, вкупно четврти на мечот и за победа од 4:0.
Чиле во следниот натпревар ќе игра потив Еквадор, додека Јапонија шампионатот ќе ги продолжи со средба против Уругвај.