Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, на крајот на сезоната ќе мора да си побара нов клуб, така одлучи раководството на шпанскиот фудбалски состав кој имаше разочарувачка сезона.
Ќе потсетиме дека интернационалецот од Костарика беше еден од најстандардните во неколку сезони, но, сега не влегува во плановите на Зидан кој најави голема реконструкција на тимот. Според информациите од „Сантијаго Бернабе“, прв голман ќе остане репрезентативецот на Белгија, Тибо Куртоа.
Познато е дека Навас беше транферна желба на Манчестер Јунајтед, но, тој не сакаше да си замине од Мадрид.
