Фудбалерот на Барселона, Артуро Видал, кој јавно истакна дека не ја добива посакуваната минутажа на – „Камп Ноу“, планира во текот на летниот трансфер период да се врати во Серија „А“.
Наводно, за неговите услуги се заинтерсирани неговиот поранешен тим Јуве и екипата на Интер која заедно со „старата дама“ и Лацио, останува во трката за шампионската титула.
Според проценките, Каталонците за потписот на чиленаскиот интренационалец ќе побараат повеќе од 15-ет милиони евра.