Тренерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини, доби непријатни вести од лекарскиот штаб откако е утврдено дека новото засилување, Џек Вилшир, ќе мора да оид на операција на глуждот и ќе мора да одмора најмалку шест недели.
Откако 26-годишниот англиски репрезентативец се повреди во претходната недела на еден од тренизите, лекарите се надеваа дека нема да оди на операција, но, се случи токму спротивното.
Напаѓачот пак, на „чеканите“, Марко Арнаутович, кој заработи повреда на коленото на викенд-мечот со Евертон, исто така ќе биде надвор од терените и нема да игра на дербито со Челзи закажано за наредниот викенд.

