Марин Чилиќ со победата против неговиот сонародник од Хрватска, Иво Карловиќ, на турнирот во Москва, влезе во Топ 10 рангирањето на тенисерите кои оствариле најмалку 500 победи на елитните собири.
Некогашниот трет светски рекет кој го има освоено и „Ју Ес Опен“ во 2014 година, стана 10-тиот активен тенисер кој направи таков ефект.
Еве ја комплетната листа на играчите што имаат најмалку 500 победи на турнирите под капата на АТП. 1. Роџер Федерер – 1.229 победи 2. Рафаел Надал – 967 победи, 3. Новак Ѓоковиќ – 878 победи,4. Енди Мареј – 666 победи 5. Томаш Бердих – 640 победи, 6. Фернандо Вердаско – 544 победи,7. Ричард Гаске – 537 победи, 8. Томи Робредо – 533 победи, 9. Стен Вавринка – 509 победи, 10. Марин Чилиќ – 500 победи