Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, објасни зошто се поздрави со неговиот колега на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по вчерашната победа во градското дерби во Примера Дивизион.
Неговиот потег ги изненади сите бидејќи е познато дека Аргентинецот не сака да има контакти со противничките тренери откако ќе заврши мечот.
„Анчелоти е човек кој многу го почитувам. Карло е извонреден тренер, освои титули во сите пет најсилни лиги во светот. Анчелоти е тренер кој се однесува исто и кога победува и кога губи, тоа ми се допаѓа кај него, – изјави Симеоне.