Атлетико Мадрид денеска на стадионот – „Ванда Метрополитано“ ќе му биде домаќин на Селтик во новата рунда од групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Тренерот на шпанскиот состав, Диего Симеоне, вели дека максимално го респектира противникот од Шкотска со кој претходно одигра 2-2.
„Селтик игра фудбал кој навистина ми се допаѓа. Противникот игра висок пресинг. Мораме да се справиме со тоа“ – вели Симеоне. Феенорд е лидер во групата со 6 бодови, Атлетико досега собра 5 , Лацио 4 а Селтик е последен со 1 бод.

