Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, се надева дека ќе биде во првата постава иако има жестока конкуренција во имињата на Модриќ, Крос, Валверде, Камавинга, Белингам, Себалјос и Арда Ѓулер.
„Го имаме најдобриот среден ред во светот. Учиме од Модриќ и Крос. Тука се и други млади и талентирани играчи. Сигурен сум дека не чека многу добра сезона“ – вели Чуамени.
Французинот деновиве доби шанса да ги одигра сите 90 минути на контролниот натпревар против Барселона.