Шампионот на Шпанија, Барселона, вчера славеше убедливо на домашен терен против Валенсија со 5 спрема 2. На стадионот „Камп Ноу“, неверојатна вечер имаше младиот, Ансу Фати, кој веднаш доби пофалби од тренерот, Ернесто Валверде.
„Никој не може лесно да се адаптира на стилот на Барселона, посебно не така младо момче како што е Ансу Фати. Не е нормално да погодува со првиот допир на топката а да асистира со вториот“ – вели Валверде кој не крие дека е импресиониран со играта на 16 -годишното чудо од дете кое погоди во втората минута а само неколку минути подоцна му асистираше на Френки Де Јонг за 2:0.
Младиот и преспективен фудбалер на Каталонците во само три натпревари за Барселона постигна два гола. За споредба, Лео Меси првите два гола ги постигна по 13 натпревари
