Италијански Милан денеска треба да го комплетира трансферот на досегашниот фудбалер на Виљареал, Чуквуезе.
Според најавите, Чукувезе во текот на денешниот ден ќе слета во Милано, по што треба да ги комплетира прегледите и во текот на денот официјално да биде преставен како ново име во „црвено-црниот“ дрес.
Условите за трансферот се договорени уште во понеделникот. Милан на Виљареал ќе му плати 20 милиони евра, плус 8 милиони во форма на бонуси.