Македонија синоќа беше поразена од Грузија со 3:0, а по мечот свое видување на средбата даде нашиот млад напаѓач, Дарко Чурлинов.
„Имавме две-три грешки кои Грузијците ги искористија. Сега ни останува уште еден меч, да ги средиме малку главите и да го добиеме тој меч. Мислам дека немавме среќа во завршницата пред гол. Има вакви средби и треба да се анализираме самите себе си и да се концентрираме на следниот меч. Мора да се кренеме пред следниот меч. На нас останува дали ќе си ги средиме главите и да излеземе на следниот меч на терен и да земеме три бода“, вели Чурлинов.