Нашиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, очекува добра партија на утрешниот меч со Белгија во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2026 година.
„Имав добра сезона и добра минутажа. Сите знаеме дека Белгија е фаворит но, ние треба да се претставиме во добро светло бидејќи играме за Македонија“ – рече Чурлинов.
„Треба да ги исполниме задачите на теренот, добро се подготвуваме, тоа ќе се види и на теренот“ – нагласи нашиот репрезентативец пред утрешниот меч во Скопје.

