Фудбалерите на Манчестер Сити и на Ливерпул ги чека дерби во Премиер-лигата. Мечот меѓу двата главни кандидати за титулата ќе биде одигран в сабота од 13.30 часот на стадионот – „Етихад“.
„Тоа ќе биде меч на најдобрите два тима на светов. Дефинитивно мораме да гледаме на натпреварот како на финале и да се обидеме да го играме нашиот фудбал“ – потенцираше денеска дефанзивецот на Ливерпул, Костас Цимикас.
„Граѓаните“ се во серија од 23 победи на домашен терен во сите натпреварувања.