Трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед нема да се реализира ова лето. И покрај големиот интерес за ѕвездата на Борусија Дортмунд тој сепак ќе остане во тимот од „Сигнал Идуна Парк“ , а воедно како што најавивме вчера замина на подготовки со екипата на Борусија Дортмунд во Швајцарија.
Сето ова го потврди и директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, кој рече дека одлуката е конечна.
„Планираме Санчо да биде во екипата и наредната сезона, тоа е конечна одлука. Минатото лето ја прилагодивме платата да биде соодветна со неговиот напредок. Го продолживме договорот до 2023 година“ , изјави директорот на Борусија.
Санчо го доживеа вистинскиот напредок во кариерата токму по доаѓањето во Бундеслигата, а оваа сезона со 17 гола и исто толку асистенции покажа дека е веќе ѕвезда на оваа екипа. Се чинеше дека е блиску до преселба на „Олд Трафорд“, но на крај екипите не ги договорија условите за овој трансфер и покрај тоа што играчот имаше веќе договорени услови.