Сенад Бегиќ, заменик-директор на Институтот за јавно здравје во Црна Гора, вели дека нема никаква потреба спортистите да бидат тестирани за ковид-19 пред да се вратат на обврските во арените.
„Здравствените работници се поризична категорија, но, нема причини за масовно барање за нивно тестирање. Затоа, не гледаме потреба и спортистите да се тестираат пред да започнат со натпреварите“ – вели Бегиќ.
Фудбалската сезона во Црна Гора ќе продолжи на 1 јуни а спортистите ќе бидат дел од најавениот масовен скрининг на населението.