Англискиот фудбалски состав, Тотенхем, планира да го ангажира играчот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ, објавија дел од европските медиуми.
Според нив, црногорскиот фудбалер од таборот на шпанците бил подготвен да ја промени средината и да работи под диригентската палка на Жозе Мурињо. 29 годишниот фудбалер има искуство од Премиер лигата откако во краток период го носеше дресот на Манчестер Сити а потоа направи трансфер во Фиорентина а од таму во Атлетико Мадрид.
Во исто време екипата на Тотенхем одлучи да ја прекине соработката соТоби Алдервелде и Јан Вертонген кои треба да ги одработат последните месеци од нивните договори.