Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лестер, Калвин Бејси, му се приклучи на шкотскиот гигант, Глазгов Ренџерс, кој го предводи од клупата, Стивен Џерард, еден од легендарните репрезентативци на „Гордиот Албион“ и на тимот на Ливерпул. Младиот дефанзивец потпиша 4-годишен договор со шкотскиот состав а целиот процес ќе биде затворен откако ќе стартува летниот трансфер-период.
„Бејси е физички силен играч кој ги исполнува современите барања за целосен бек. Тој е многу енергичен и моќоен и со неговите квалитети ќе може да стане значен дел од нашиот тим” – искоментира Џерард.
Ренџерс успеа да го купи и романскиот репрезентативец, Јанис Хаџи, кој претходно настапуваше како позајмен од белгискиот Генк.