Дефанзивецот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Давид Алаба, нема да игра во наредните неколку недели поради потешка повреда на левата нога, соопшти денеска германскиот елитен состав.
Австрискиот репрезентативец се повреди на загревањето пред вчерашното дерби во Бундеслигата против РБ (Лајпциг). Лекарот на тимот од Минхен, Питер Блубакер, денеска соопшти дека левиот бек ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи и дека ќе биде надвор од терените на подолг период.
Тоа дефинитивно ќе му направи проблеми на тренерот, Нико Ковач, кој ќе мора да бара алтeрнатива за левата бековска позиција за наредните мечеви меѓу кои влегува и средбата со Црвена Ѕвезда во Лигата на шампионите закажана за 18 септември на „Алијанц Арена“.