Корпулентниот фудбалер, Ромелу Лукаку, игра како препороден по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција во редовите на Манчестер Јунајтед. Белгискиот играч се обиде да објасни зошто соработката со Норвежанецот влијае многу позитивно на неговото претставување на теренот.
„Навистина многу ми се допаѓа Солскјер. Тој е отворен, искрен во комуникацијата со играчите и што е најзначајно прави да бидам гладен за минутажа и голови“ – вели напаѓачот на тимот од „Олд Трафорд“.
„Ако се навратам наназад, секогаш сум имал добри напаѓачи кои ми помагале во напредокот а сега од Оле учам многу. Секој ден е нов за учење, нов ден за подобрување и јас така гледам на работите“ – потенцираше Белгиецот.