Фудбалерот на Арсенал, Еди Нкетија, ќе може да замине доколку пристигне понуда за него, пишуваат дел од медиумите.
Напаѓачот има договор до 2027 година но, клубот сака да го продаде. 24-годишниот фудбалер во сезонава одигра 20 мечеви и постигна 5 голови.
Тој беше купен од Челзи во 2015 година и досега има 151 настап, 37 гола и 8 асистенции за „топчиите“.

