Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Жан – Филип Гамен, ќе го пропушти остатокот од сезоната во Англија бидејќи во наредната недела ќе мора да му биде извршена операција на ахиловата-тетива, објави неговиот клуб.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, во сезонава одигра само два меча за „карамелите“ бидејќи постојано страдаше од повреди. Според тоа што се појави во медиумите во Велика Британија, играчот од средниот ред ќе отсуствува од терените најмалку во наредните шест месеци.
24-годишниот играч во претходното лето беше купен од германскиот Мајнц за 25 милиони евра.