Англискиот фудбалски состав Саутемптон, денеска го објави трансферот на 18-годишниот Јоаким Санда.
Францускиот играч го напушти Валенсиен и потпиша договор со „светците“ до летото во 2029 година. Tој во дресот на досегашниот состав има одиграно 37 натпревари во различни конкуренции.
Санда беше капитен на селекцијата на „Галските петли“ која во 2023 година на Светското првенство У17 влезе во големото финале.

