Фудбалерот на Арсенал, Алберт Локонга, кој не добива голема минутажа од тренерот Артета, веројатно ќе се пресели во екипата на Брајтон.
Наводно, „галебите“ се заинтересирани да го ангажираат играчот од средниот. 23-годишниот фудбалер во втората половина од претходната сезона играше како позајмен во Кристал Палас.
Локонга има договор со „топчиите“ до 2026 година а неговата вреднос на трансфер пазарот е околу 20 милиони евра.