Српскиот гигант Црвена Ѕвезда од Белград ја заврши работата околу потпишувањето на договор со напаѓачот Марко Арнаутовиќ, пишува германскиот новинар Флоријан Плетенберг. 36-годишниот австриски репрезентативец е слободен агент откако му истече договорот со Интер.
Се очекува ветеранот да ги помине медицинските прегледи во понеделник пред да потпише двегодишен договор со кој треба да заработи 2,5 милиони годишно или вкупно 5 за две години. Според најавата Арнаутовиќ е веќе во Белград и вечерва треба да биде преставен пред навивачите на Црвена Ѕвезда на натпреварот со Јавор.
Марко Арнаутовиќ во кариерата има настапувано за Твенте, Вердер Бремен, Стоук Сити, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња и Интер. Тој има 125 настапи за Австрија, постигнувајќи 25 гола.

