Ливерпул е подготвен да ги продаде своите двајца минатогодишни голмани, Лорис Кариус и Симон Мињоле. Претходно, англискиот клуб за рекордна сума го купи бразилскиот репрезентативен голман, Алисон Бекер од екипата на Рома, а Клоп потврди дека 25-годишниот Бразилец ќе биде првиот избор за претстојната сезона.
Според „Телеграф“, на Кариус е заинтересиран германски Баер (Л), додека за Мињоле има интерес и од Реал и од Барселона.