Весникот –„телеграф“ откри дека челниците на фудбалскиот состав Ливерпул ќе треба во текот на летото да му исплатат околу 12 милиони фунти на Вулверхемптон како дел од вкупната сума од 45 милиони која беше договорена за трансферот на Диого Жота.
Екипата од „Енфилд“ која во изминатиот септември го ангажираше Португалецот досега платила само 5 милиони за неговиот потпис.
Според најавите, другиот дел од сумата ќе треба во неколку рати да им се исплати на популарните „волци“.

