Фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, поради настаните што се случуваат во Украина го раскина спонзорскиот договор со руската авиокомпанија – Аерофлот.
-Ги прекинавме договорите со Аерофлот. Ја споделуваме загриженоста на навивачите и луѓето ширум светот и го изразуваме нашето сочувство за погодените – се вели на официјалната веб-страница на Манчестер Јунајтед.
Потегот на англискиот клуб е поврзан со започнувањето на специјална воена операција на Руската Федерација на територијата на Украина.