Оле Гунар Солскјер со вчерашната победа на теренот на Њукасл, стана вториот менаџер во фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед кој стартувал со четири победи. Toj го повтори рекордот на Мет Безби поставен во далечната 1946 година.
На тешкото гостувањето на стадионот – „Ст. Џејмс парк“, Норвежанецот направи вистински потег со уфрлувањето во игра на Ромелу Лукаку кој само неполна минута подоцна ја искористи грешката на домашниот голман Дубравка и му донесе предност на неговиот тим. Солксјер по мечот скромно изјави дека влегувањето на Лукаку е логичен избор и дека рекордот нема да влијае на неговата натамошна работа.
„Јас воопшто не мислам на тоа. Победите во низа на четири натпревари значат дека можеме да победиме на уште четири. Тоа е нашиот предизвик“ – изјави Солскјер.