Екипите на Манчестер Јунајтед и на Интер ќе се вклучат во трката за потписот на фудбалерот Иван Ракитиќ откако Барселона ја определи трансферната сума. Шпанците за хрватскиот интернационалец ќе бараат 50 милиони евра што не претставува проблематична сума за Англичаните и калчо-лигашот.
Интер претходно се обиде да го купи Лука Модриќ од Реал Мадрид но, откако тоа не се случи сега ќе се насочи кон неговиот колега од репрезентацијата на „коцкестите“. Во исто време, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој ќе добие голема сума за нови фудбалери, потенцирал, дека сака да го види Ракитиќ на „Олд Трафорд“.
Плејмејкерот во 2014 година се активираше во редовите на Каталонците и досега успеа да ја освои Лигата на шампиони, три титули во Ла Лига и четири трофеи во шпанскиот Куп.