Семејството Глејзер го продава Манчестер Јунајтед кој го купија во 2005 година за повеќе од 750 милиони евра.
„Додека ние продолжуваме да се обидуваме да му донесеме успех на клубот одборот на директори донесе одлука за темелна проценка на стратешките алтернативи“ – изјавија Аврам и Џоел Глејзер.
Американската инвестициска компанија – „Рејн груп“, која управуваше со продажбата на Челзи во мај од 4,25 милијарди фунти ќе биде ангажирана како ексклузивен финансиски советник на „црвените ѓаволи“.