Одличниот шпански голман на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој е обврзан со договор до 2020. година, ќе остане во тимот подолг период.
Иако францускиот ПСЖ е подготвен да плати вистинско богатство за неговиот потпис, медиумите објавија дека Де Геа е подготвен да остане на „Олд Трафорд“ со нов договор вреден дури 400,000 фунти неделно.
Чуварот на мрежата на англискиот тим имаше намера да го напушти тимот поради Жозе Мурињо, но, со доаѓањето на Солскјер работите дарстично се променија и тој сака да остане во тимот.