Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, ќе се обидат во јануарскиот преоден рок да дојдат до услугите на Кристијан Ериксен.
Според информациите, тимот од – „Олд Трафорд“ за да го добие потписот на Данецот, направил посебен план во кој е вклучен и Немања Матиќ миленикот на Мурињо кој неодамна го презеде кормилото на „Спарси“. Познато е дека играчот на Тотенхем кој има договор со лондончани до наредното лето, јавно порача дека сака да ја промени средината.
Ќе потсетиме дека за неговите услуги се заинтересирани Реал Мадрид и Јувентус а сега според англиските медиуми и екипата на Манчестер Јунајтед.