Челниците на Манчестер Јунајтед имаат резервна опција за претстојниот трансфер период доколку не дојдат до потписот на фудбалерот на Борусија (Дортмунд), Џејдон Санчо.
Медиумите во Британија денеска објавија, дека тимот од „Олд Трафорд“, размислува за ангажман на крилниот напаѓач на Шалке, Раби Матондо. 19-годишниот Велшанец кој пред година и половина го напушти Манчестер Сити, имаше одлична дебитантска сезона во Бундес-лигата.
Наводно, младиот фудбалер бил голема желба и на стратегот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер кој сака да форсира помлади фудбалери и да гради тим за во иднина.