Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омер Барада, најави дека се разгледува идејата да се направи нов стадион или да се реновира постоечкиот – „Олд Трафорд“ . Тоа треба да се направи со помош на градот а целиот проект ќе донесе бенифит за Манчестер и секако за клубот.
„Изградба на стадион од светска класа може да биде главен катализатор за регенерација на областа на Големиот Манчестер, што бара нови инвестиции за повторно да напредува“ – вели Барада.
„ Не можеме сами да ја постигнеме оваа поголема цел, поради што ја поздравуваме одлуката за продолжување на поддршката од градоначалникот на Манчестер како и од Советот“ – рече Барада.

