Бразилскиот фудбалер, Андреас Переира, денеска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2022 година.
23-годишниот играч кој има и белгиско државјанство пристигна во Манчестер уште во 2012 година од холандскиот ПСВ.
Потоа Јунајтед го позајми во шпанските состави Гранада и Валенсија за да го добие потребното искуство. Переира во тековнава сезона одигра 14 средби во сите натпреварувања и постигна еден гол.