Манчестер Јунајтед ја отфрли и втората понуда од Фулам во висина од 20 милиони фунти за потписот на фудбалерот, Скот Мектоминеј.
Според англиските медиуми, 20-кратните шампиони нема да го продадат фудбалерот за помалку од 30 милиони фунти иако самиот играч од средниот ред бара да замине во друга средина.
Интернационалецот од Шкотска не е задоволен од малата минутажа и затоа сака да замине во друг состав.

